Време-Облачно и ветровито, попладне нестабилно со пороен дожд

- Македонија
455

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени. Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 31 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари