Дваесеттиот роденден на Егзит ќе биде најголемата забава во светот: Робин Шулц, Борис Брејча, Амели Ленс и Пол Калкбренер го предводат масивниот прв бран со над 40 изведувачи!

- Забава
529

Дека Петроварадинската тврдина во Нови Сад ова лето ќе биде музичкиот центар на светот, потврдуваат и странските медиуми кои овогодишното издание на ЕГЗИТ Фестивал веќе го нарекоа историско. Големата прослава на дваесеттиот роденден на двократниот фестивалски шампион на Европа, во првата од неколкуте објави носи повеќе од 40 глобални и регионални ѕвезди чии ексклузивни настапи ова лето, од 13 до 16 август ќе ги посведочи целата планета. Робин Шулц, Амели Ленс, Пол Калкбренер, Борис Брејча, „Артбат“, Нина Кравиц, „Тејл Оф Ас“, Блек Кофи и „Офенбах“ ја предводат моќната програма сочинета од суперѕвезди кои својот пат до Нови Сад го потврдијаа со воодушевување од фактот дека ЕГЗИТ повторно пронајде излез и стана најголемата фестивалска вест на годината! Двете главни бини, импресивниот „Меин Стејџ“ и легендарната „Денс Арена“, заедно со прогресивната електронска бина „Но Слип Нови Сад“ (No Sleep Novi Sad), во првиот бран ги вклучуваат имињата кои ги создаваа и поставуваа трендовите, кои го менуваа кодот на жанровите, со тоа често одбележувајќи ги, и тоа токму на тврдината, своите историски настапи.
На Главната бина на Егзит меѓу првите доаѓаат дел од најголемите хитмејкери на денешницата кои заедно бројат повеќе од 10 милијарди прегледувања на видео и стриминг сервисите. Откако во претходните години ја воодушеви публиката на најважните фестивалски бини ширум планетата, премиерно на главната бина на Егзит пристигнува прочуениот Робин Шулц (Robin Schulz), кого ќе го следат и ѕвездените хитмејкери Бурак Јетер (Burak Yeter), Диџеј Регард (DJ Regard), Офенбах (Ofenbach), како и творците на драм-енд-бејсот и првите егзитови хедлајнери од самите почетоци на фестивалот споени во ексклузивен бек-ту-бек сет – Рони Сајз (Roni Size) и Елтиџеј Букем (LTJ Bukem) потпомогнати од Дајнамајт Емси (Dynamite MC), еден од резидентите на Главната бина. На Денс Арената и оваа година доаѓаат речиси сите најважни имиња на глобалната електронска сцена која ја предводат двете најголеми техно уметници на денешницата, Нина Кравиц (Nina Kraviz) и Амели Ленс (Amelie Lens), како и водечкиот светски продуцент познат по стадионските настапи за десетици илјади луѓе, Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner). Покрај нив тука се и суперпопуларните Борис Брејча (Boris Brejcha), „Блек Кофи“ (Black Coffee) и Медуза (Meduza), највозбудливите диџејски тандеми на денешницата „Тејл Оф Ас“ (Tale of Us) и „АРТБАТ“ (ARTBAT) и ексклузивните б2б дуети, специјално за роденденот на Егзит, Денис Султа б2б Диџеј Тенис (Denis Sulta b2b DJ Tennis), како и Дакс Џеј б2б Кобосил (Dax J b2b Kobosil)! „НСНС“ бината ќе претстави импресивна екипа која ја чинат 999999999 лајв, Франсоа Екс (Francois X), Џулиана Хакстaбл (Juliana Huxtable), Моносахарид (Monosaccharide), Марсел Детман (Marcel Dettmann) како и ВТСС (VTSS) и СПФДЈ (SPFDJ) во посебен бек-ту-бек сет.

Баш како и на првиот Егзит, фановите од целиот регион ќе се спојат по изолацијата со добро познатите имиња како што се „Лајбах“ (Laibach) и „Обојени програм“ кои во оваа прилика ќе обележат и 40 години од својата работа, Масимо, „Гоблини“, „Буч Кесиди“, Марко Настиќ, Дејан Милиќевиќ, „Инсолејт“, Ендру Мелер (Andrew Meller), Илија Ѓоковиќ, Кристијан Молнар, Коес (Coeus), „Спејс Моушн“ (Space Motion), „Афтер Афер“ (After Affair), Лаг, Моносахарид и Буке (Bokee).

Овогодишниот ЕГЗИТ е централна тема на светската музичка индустрија, чии главни актери фестивалот го нарекуваат светло на крајот од тунелот“. Во август ќе бидат отворени најмалку 20 бини и зони ширум Петроварадинската тврдина, со намален вкупно предвиден број на посетители, на кои ќе им бидат достапни повеќе од 90% од вообичаените површини на фестивалот. Во продажба се вратија и четиридневните влезници по цена од 3700 денари, преку официјалната страница на exitfest.orgкако и преку продажната мрежа на МкТикетс во Македонија, а по рестартирањето на продажбата интересот е огромен и моментно се достапни само четвртина од намалениот капацитет на влезници! Со овој бран на изведувачи, веќе од среда 17 јуни пристигнува и омилената акција на фановите на ЕГЗИТ „4+1“, која секоја година се распродава исклучително брзо, а популарноста се должи на фактот дека друштвото кои заедно ќе купи четири влезници, петтата ја добива на подарок!

Facebook Коментари