Време- Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

- Македонија
387

Денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 32 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилост со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 23 до 31 степен.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари