Проширена е листата на дејности каде граѓаните ќе можат да ја користат картичката „Купувам домашно“

- Македонија
755

Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со домашна платежна картичка. -информира министерката за финансии Нина Ангеловска.

Новите дејности кои беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.

„Уредбата за домашната платежна картичка  беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во: Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување,  туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци,  супермаркети,  продавници за храна, пиљари, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги,  спортска опрема, продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки,  фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности.“-напиша на својот официјален профил, министерката Ангеловска.

Домашните производи треба да бидат посебно означени на гондолата, рафтот, производот или лифлетот во продавниците.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари