Откажан е најголемиот светски маратон во Њујорк

- Спорт
916

Најголемиот светски маратон во Њујорк, што требаше да се одржи на 1-ви ноември годинава е откажан поради коронавирусот.

Организаторите на маратонот „New York Road Runners” се одлучиле на ваков чекор по консултацијата со градоначалникот на Њујорк.

Одлучено е дека трката претставува преголем ризик за здравјето и безбедноста на тркачите, волонтерите, на гледачите и на сите останати.

„Иако е маратонот икона и омилено случување во нашиот град, ја поздравувам одлуката на организаторите затоа што на прво место го ставија здравјето и сигурноста на гледачите и тркачите. Се радуваме што ќе бидеме домаќини на 50. маратонска трка во ноември, 2021 година“ – истакна градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

Facebook Коментари