Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе продолжи да преовладува нестабилно време локално со појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.- информираат од секторот за хидрологија.
Ваквите временски услови нема да претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во земјата. Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер (кој се очекува во текот на утрешниот ден) можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата за толку кратко време.
-Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава. – стои во соопштението од секторот за хидрологија при УХМР.
Strugaonline
Facebook Коментари