Караџовски за ТВ21- Се планира зголемување на капацитетите за тестирање за COVID-19, ќе се формираат 16 нови ковид-болници

- Македонија
507

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р Жарко Караџовски најави дека се формираат 16 ковид болници и  се зголемуваат капацитетите за тестирање.

-Активностите се во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенските денови кога се очекува коронавирусот, заедно со респираторните вируси, особено инфлуенцата, дополнително да ја зголемат потребата од капацитети на болниците.-соопштуваат од Министерството заздравство.

д-р Жарко Караџовски, најави дека се планира зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во кои ќе може таа да се прави, што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање за Ковид-19.

На сегашните 11 институции за дијагностика, изјави д-р Караџовски во интервју за ТВ21, планираме уште три нови за да добиеме уште 200 до 300 брисеви дневно, за да го зголемиме за процентот на брисеви и од 1.500 дневно можеби ќе дојдеме и до 2.000 на крајот на календарската година.

– Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче имаат подготвено план за проширување на болничките капацитети во 16 града со формирање ковид болници за сместување, дијагностика и тријажа на пациенти со COVID-19 со цел целосно да се одвојат од останатите пациенти. Направивме план со формирање на 16 болници, две ковид болници, што е слично со болницата, што ја имаме до Инфективна клиника, во кои ќе имаме сместувачки капацитети, дијагностички капацитети и капацитети за надзор и тријажа, со цел да не влезе пациент во Клинички центар болен со COVID-19, рече д-р Караџовски во гостување на ТВ21.

Facebook Коментари