Филипче- Илче од Охрид здрав и расположен заминува во мал групен дом

-Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. -информира министерот за здравоство Венко Филипче.

-Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.- додава министерот изразувајќи почит и благодарност за сите здравствени работници тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него.

Случајот на Илче пред десеттина дена ја разбранува јавноста бидејќи станува збор за дете со церебрална парализа напуштено од родителите.
Strugaonline

