Време-Сончево и топло со умерена облачност, попладне нестабилно со локален дожд

- Македонија
387

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 36 степени. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. УВ=6. Дневната температура ќе се движи во интервал од 26 до 34 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари