Време-Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за пороен дожд

- Македонија
388

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 32 степени. Утре ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 32 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари