Време-Облачно со сончеви периоди и натпросечно топло, попладне со пороен дожд

- Македонија
386

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 30 степени. Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 29 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари