Време-Променливо облачно, од попладне со врнежи од дожд

- Македонија
392

Променливо облачно, по котлините магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 17 степени. Утре претпладне облачно со врнежи од дожд, позастапени во јужните делови. Попладне облачноста на места делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари