Реформи во основното образование- Историја, географија и граѓанско образование ќе се учат во еден предмет
Укинување на предметот историја како посебен предмет предвидуваат реформите во наставната програма за основно образование. Министерката Царовска објасни дека предметот историја ќе биде дел од предметот општествени науки и ќе се изучува заедно со географија и граѓанско образование.

Царовска додаде дека се работи за најмодерна пракса на интегрирање на предмети и дека овој модел на образование кој ќе биде воведен е сличен на финскиот.
Со ова се планирало учениците да имаат повеќе време за интеракција со наставниците и помалку предмети.
Strugaonline

