
На денешната седница на Советот на општина Струга беа одобрени решенијата за утврдување на трифата за собирање и отстранување на урбани отпадни води и одлуката за утврдување на тарифата за снабдување со вода за пиење за „ЈП Водовод и Канализација Струга“, за периодот од 2021-2023 година.
-Одлуките се изготвени врз основа на одлуките на Регулаторната комисија за енергетика на ЕУП со бр. УП1 бр.08-100 / 20 од 23.07.2020 и УП2 бр.08-101 / 20 од 23.07.2020 година, и сите граѓани на општина Струга се известени дека цените за водоснабдување и за собирање и отстранување на урбани отпадни води , почнувајќи од јануари 2021 година, ќе бидат пониски во споредба со претходните три години. -стои во соопштението од претпријатието.
Strugaonline
Facebook Коментари