Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, поизразен во западните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Повремено и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 13 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари