Претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени. Утре ќе биде променливо облачно, доцна попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта. На планините на запад и север ќе врне снег, а на северот преку ноќта снег ќе има краткотрајно и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари