Време-Променливо облачно и студено со врнежи од снег

- Македонија
382

Денеска ќе преовладува променливо облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 1 до 7 степени.  Утре ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе се движи од -7 до 0 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари