Време- Променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд

- Македонија
332

Денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени.

Утре ќе биде претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд, а на планините од снег, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари