Во Центар за јавно здравје-Охрид ќе се земаат приватни брисеви за COVID-19

- Локални
1039

После повеќе консултации со надлежните институции, Центарот за јавно здравје Охрид од утре, 11-ти февруари започнува со земање приватни брисеви за COVID-19, чија анализа ќе ја извршува Институтот за јавно здравје во Скопје.

Брисевите ќе се земаат во Ковид пунктот кој се наоѓа во Центарот. Земањето на брисевите ќе биде во период од 07:45 до 09:30 часот, од понеделник до сабота.

Сите кои ќе се тестираат задолжително треба да носат пасош, како документ за идентификација и да имаат валидна е-маил адреса на која ќе ги добијат резултатите.

Извор: Центар за јавно здравје

Facebook Коментари