Денеска поминува точно една година од првиот потврден случај на ковид 19 во земјава.
Првиот случај беше жена од Скопје, родена во 1970 година, која одреден период престојувала во Италија, а допатувала преку граничниот премин Табановце превезувајќи се со комбе во кое имало уште неколку лица.
Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а моментално има 7.418. активни случаи.
Facebook Коментари