Македонија синоќа славеше над светскиот првак Данска, Лазаров спектакуларно ја започна улогата на селектор
Во рамките на квалификацискиот циклус за Европското првенство 2022 година, машката сениорска репрезентација на Македонија го совлада актеулниот светски првак Данска со 33-29. Oва беше прв натпревар во кој Кире Лазаров беше селектор и играч на натпреварот.

Нашите ракометари уште во првиот дел од натпреварот ја имаа контролата, Данците израмнија на 7:7 во средината на првото полувреме и тоа беше се што направија , Македонија продолжи во победнички ритам па првиот дел заврши со резултат 17:13. Во вториот дел Данска ја промени тактиката, но залудно, со игра ,,7 на 6“ на Данците, нашата репрезентација го полнеше нивниот празен гол.
На крај на натпреварот беше возбудливо, Данска имаше 3 гола негатива, но нивната надеж заврши кога Лазаров постигна гол за 33-29 на неполна минута до крај. Митревски ја забележа 13 одбрана во последниот напад за Данска па Македонија го заврши дуелот со победа од 33-29.
Ова е трета победа откако Македонија квалификациите за пласман на Европското првенство ги започна со две победи против Финска и Швајцарија.
фото: РФМ

