Време- Облачно со повремени врнежи од дожд

- Македонија
334

Денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 14 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, само во раните утрински часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 15 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари