
По повод 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, делегација на Општина Струга предводена од секретарот на општината, Ристо Талевски со дел од Советот на општина Струга оддадоа почит на борците со положување свежо цвеќе на споменикот на револуцијата.

,,Подвигот на борците кои ги дале своите животи на олтарот на победата над фашизмот никогаш нема да се заборави. Слава им!“- стои во соопштението од Општина Струга.

Денеска на глобално ниво се одбележува Денот на победата над фашизмот. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна.
Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.
Strugaonline
Facebook Коментари