Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) -регион Охрид, во недела (16.05.2021 година), организира спора рекреативна велосипедска тура Охрид-Радожда-Охрид. Стартот е закажан во 08 часот од градското пристаниште во Охрид а се вози по крајбрежието на Охридското езеро, по стариот пат Охрид-Струга и потоа кон Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до преубавата Радожда.Тука, предвиден е едночасовен одмор и освежување.
,,ИПА регион Охрид, ги поканува своите членови од Охрид и Струга, членовите на велосипедските клубови од Охрид и Струга, новинарите но и сите заинтересирани граѓани од двата крајезерски града -љубители на велосипедизмот, да се вклучат во велосипедска прошетка и уживање од Охрид до Радожда и сите заедно, да најавиме добра велосипедска сезона и промоција на оваа тура како живописно и несекојдневно туристичко доживување.“ – соопштуваат организаторите.
Повеќе информации и пријавување на вибер на моб.тел.077 / 596 999 Александар. Средба со велосипедистите од Струга на паркингот кај „Аквариус“ во 09:00 часот.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари