Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 15 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-07, Струга-02, Кичево-03, Дебар-03). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 52 контроли по угостителски и други објекти (Струга-16, Кичево-36). Истовремено, на подрачјето на Дебар, евидентирано е едно лице кое ја прекршило забраната за движење од 24 до 04 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Популарнo…
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ
После две години статуата на кучето Медена е означена како културно обележје на Google Maps и туристичка атракција во Струга
Пливачки клубови, пливачи и родители шокирани, базенот во Струга се затвора цели 4 месеци
Успешно организирана 21. Меѓународна веслачка регата „Струга Опен“
Место на новата генерација EUROPE HOUSE СТРУГА СЛАВИ ПРВ РОДЕНДЕН
Денес во Подгорци свечено се одбележа 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата „Свети Јован Владимир“, еден од најзначајните храмови во струшкиот крај
Facebook Коментари