Oд полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
383

Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на горивата.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за еден денар, додека на Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар. Цената на мазутот се намалува за 0,977 ден/кг.Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67 денари/литар

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69 денари/литар

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 59,50 денари/литар

Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 59 денари/литар

Мазут М-1 НС – 33,619 денари/килограм.

 

Facebook Коментари