Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Локално ќе има невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=7 Дневната температура ќе се движи во интервал од 24 до 30 степени. Утре ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 23 до 29 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари