Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. УВ=7 Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 33 степени. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари