Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе играат на турнирот во Струга

- Спорт
81

Тимовите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, на 19 јули ќе ги започнат подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Стратезите Жељко Бабиќ и Александар Јовиќ веќе ги направија плановите за претсезоната.

Првиот тим го чека тешко лето, бидејќи освен настапот на турнирот во Струга, ќе игра и четвртфиналните средби против Мешков Брест во рамките на СЕХА лигата до крајот на август.

Вториот тим ќе биде на подготовки во Маврово од 30 јули до 7 август, а потоа ќе игра пријателски натпревари, додека првиот тим исто така дел од подготовките ќе мине во Маврово, од 23 до 30 јули.

Извор: 24 rakomet

фото: архива

Facebook Коментари