Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки за заштита од индискиот сој

- Македонија
613

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки за заштита од индискиот, делта  сој на коронавирусот.

Oд таму соопштија дека ситуацијата во земјава со епидемијата е под контрола и нема потреба од препорака за нови меки за заштита на граничните премини и воведување на задолжителен ПЦР тест за влез во земјава.

„Сметам дека ако во летото ситуацијата продолжи да биде ваква, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки“, изјави Филипче во „Утрински брифинг“. Министерот смета дека нема потреба за рестрикции на граничните премини и за ограничување на прославите.

„Тука зборувам и за влез-излез на границите и во рамките на тоа што е препорачано во делот на организација на настани, собири и.т.н. Будно ја следиме ситуацијата, бидејќи има земји каде што индискиот сој, како поагресивен во однос на претходните, побрзо се шири и. еве. тие земји воведоа некоја рестрикција. Ако треба ќе интервенираме“, појасни Филипче.

 

Facebook Коментари