16 нови случаи на ковид 19, во Струга 1

- Македонија
395

Во последните 24 часа се направени 2.873 тестирање, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1.

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 894.904 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.

Facebook Коментари