Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека од понеделник во Македонија ќе се дозволи вакцинација на младата, односно школска популација од 12 до 16 години.
„Покрај најавата дека од понеделник започнува теренската вакцинација ве информирам дека ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца,“ изјави министерот за здравство.
Филипче потенцираше дека вакцинацијата е единствена заштита од индискиот сој на ковид 19, досега во земјава се потврдени седум случаи на заразени со индискиот сој.
Facebook Коментари