Денеска ќе преовладува претежно сончево време со слаб ветер претежно од западен правец. УВ индексот ќе има вредност 7, дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 33 степени. Утре ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне претежно во северените делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, а особено вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 23 до 32 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари