Има тренд на опаѓање на бројките на новозаразени со коронавирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, , додавајќи дека очекува и понатамошно спласнување на четвртиот бран од вирусот.
Филипче рече дека се намалува и факторот на преносливост на вирусот , односно дека истиот паднал под единица.
Министерот оцени дека пристапот на Владата во однос на имунизацијата е добар и дека земјава бележи најголем раст на вакцинирани во регионот.
Што се однесува до притисокот врз здравствениот систем, тој посочи дека болниците се преоптоварени од невакцинирани пациенти.
Филипче информираше дека денеска има под 900 новозаразени.
Facebook Коментари