Време-Облачно со врнежи од дожд

- Македонија
527

Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 20 степени. Утре ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со повремен локален дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 22 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари