Денеска е 21 март кој во светот е означен како Светски ден на поезијата. Одлуката за негово прогласување беше усвоена за време на 30-та сесија на УНЕСКО која се одржа во Париз во 1999 година.
,,Градот Струга е познат како центар на поетите, бидејќи секоја година во последната недела од август се одржуваат „Струшките вечери на поезијата“. На оваа вечер присуствуваат истакнати поети од целиот свет, кои ги рецитираат своите песни пред јавноста, додека победникот на годината во негово име засадува дрво во Поетскиот парк. Светскиот ден на поезијата се слави за да се препознае уникатната способност на поезијата да го завземе креативниот дух на човечкиот ум.,, – велат од тимот на Општина Струга по повод денешниот ден.
Една од главните цели на Денот е да се поддржи јазичната разновидност преку поетски израз и да им понуди на загрозените јазици можност да бидат слушнати во нивните заедници.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари