Од среда, 27-ми јули, ќе започне исплатата на јулските пензии.
Владата ја усвои информацијата, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти јули, за од следниот ден да започне исплатата.
Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со ќе може да располагаат од 27-ми јули.
Facebook Коментари