Започна учебната година во ООУ ,,Јосип Броз Тито“ . Во централно училиште во Струга запишани се 47 првачиња, во подрачното училиште во с. Мислешево запишани се 18 првачиња, ПУ с.Враништа 19 и Радожда 5 првачиња,односно вкупно 89 запишани првачиња. Во пријатна атмосфера, денеска во 12:00 часот се одржа приемот на дечињата кои за прв пат седнаа во училишните клупи.
Од ООУ,,Јосип Броз Тито” информираат дека годинава се запишале повеќе првачиња споредено со минатата година и дека тимот на училиштето е подготвен за новата учебна година.
Strugaonline
Facebook Коментари