На 18.09.2022 во 08.49 часот во ОВР Струга било пријавено дека настанал пожар во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ лоцирана кај селските гробишта во с.Мислешево, струшко. Пожарот бил изгаснат од граѓани кои биле присутни на гробиштата, а повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека малолетник влегол во црквата и во олтарот ги запалил платнените обвивки поставени на престолот. За настанот биле известени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Струга за понатамошно постапување.
Популарнo…
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ
Отворен конкурс на Фондацијата Миладиновци за тематска поетска творба „Спомени за Браќата Миладиновци“
После две години статуата на кучето Медена е означена како културно обележје на Google Maps и туристичка атракција во Струга
Пливачки клубови, пливачи и родители шокирани, базенот во Струга се затвора цели 4 месеци
Успешно организирана 21. Меѓународна веслачка регата „Струга Опен“
Место на новата генерација EUROPE HOUSE СТРУГА СЛАВИ ПРВ РОДЕНДЕН
Facebook Коментари