И покрај лошите временски услови, се одржа Триатлонот 3Дисциплини во Струга, ова се постигнатите резултати

- Локални
360

Ниту силниот ветер не беше причина овогодинешното издание на Триатлонот 3Дисциплини да биде одложен. Имаше неизвесност до самиот почеток на трката заради временските услови но сепак трката се одржа.

На  трката учествуваа 150 учесници, а пријавени беа 214. Поради лошите временски услови предходниот и денот на трката, многумина од учесниците го одкажаа нивното учество. Триатлон и пливачки клуб 3Дисциплини настапи со 43 учесници.

Одлични резултати постигнаа струшките триатлонци , а за некои од нив ова беше прв завршен триатлон.Многу од нив со одлични времиња ,подобри од мината трка. Од освоените места може  да се истакнат:

Категорија Елит

1во место -Блерта Хани жени,

2 ро место Дејан Кутаноски мажи

Кадети 2 место севкупно Миа Мачоска и 1 во место државно.

3 место Олса Орани севкупно и второ место државно

Постари пионери Тија Кукунешоска 1во место девојки

Помлади пионери

1во место Јован Кутаноски

2ро место Виктор Опетчески

3то место Хади Исмаилоски

Жени 1во место Стефанија Кутаноска

3 то место Софија Кутаноска

Мастерс категорија

Миле Јовановски 3 то место

Тренерот Никола Кутаноски од 3 Дисциплини се заблагодари на сите помагатели и спонзори кои овозможија да се одржи ова првенство.

Facebook Коментари