Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ од 19:00 часот во организација на Ракометната Федерација на Македонија,ќе се одигра ,, мечот на деценијата“ , во чии рамки спортските сили ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци на ревијален, пријателски натпревар.
Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт.
Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одвива од 11 до 29 јануари 2023 во Полска/Шведска – ќе биде противничкиот табор на ветераните.
Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот ќе има и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која ќе настапат македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.
Приходите од продажбата на билетите, Ракометната федерација на Македонија ќе ги донира на „СОС Детско село“ од Скопје,организација која во моментов поддржува повеќе од 394 деца и млади кои се без родители и родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Повеќе од 20 години СОС Детско село функционира на принцип на донации, благодарение на кои се грижи за децата кои се под нивна надлежност.
,,Нека ова биде „загревање“ за најракометниот месец во годината, но и дополнителен повод да израдувате некого за празниците и НЕКА ПОБЕДАТ НАШИТЕ!!!,,-велат од РФМ
Facebook Коментари