Младинската женска репрезентација на Македонија со победа го завршија настапот на ЕП
Женската младинска репрезентација на Македонија во дуел за 15 место на Европското првенство во Романија целосно ја надигра Хрватска со 31:26 и успеа со победа да го заврши настапот на младинскиот континентален собир.

Најефикасна во Македонија беше Емилијана Ризоска со девет погодоци, пет постигна Теодора Дукоска, по четири реализации имаа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска.
Солидна на голот беше Ема Кирова со девет интервенции, пет одбрани запиша Марија Јованоска.
StrugaOnline

