Поради техничките проблеми кои настанале поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот.
-Нагласуваме дека во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект. – стои во соопштението
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.
Strugaonline
Facebook Коментари