УХМР: Од сабота студено време и врнежи од снег

- Македонија
359

Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање.

Промена на времето ќе има во сабота, кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Извор: УХМР

Facebook Коментари