Наутро во дел од котлините со услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 17 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари