ИЈЗ: Бројот на активни пушачи кај нас е 45.4 отсто, само 5% успешно се откажале од пушењето

- Македонија
193

Употребата на тутун во Република  Македонија е многу висока. Според последните истражувања од ИЈЗ, процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, не’ става меѓу земјите во светот кои имаат најголеми стапки на население кои се активни пушачи.

-Според последните истражувањата на Институтот за јавно здравје на Република  Македонија, бројот на активни пушачи изнесува 45.4%, со многу низок процент на луѓе (5%) кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. -информираат од ИЈЗ по повод денешниот 31-мај, Светски ден без тутун.

Додаваат дека во однос на откажувањето од пушење, во советувалиштата за откажување од пушење кои функционираат во склоп на Центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност.

-Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка, односно нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението.-стои во соопштението.

Како што е посочено во информацијата, светскиот ден без тутун 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари