Едукативна недела во национален парк „Галичица“
Од 4 ти до 8 ми ноември во Националниот парк Галичица, секој ден ќе се спроведуваат работилници со различна тематска содржина.

Работилница наменета за ученици од 5 то до 9 то одделение
04.11 „Истражуваме во природа“
Знаете ли дека во природата живеат мноогу интересни животинчиња, кои ние многу ретко ги забележуваме или можеби се плашиме од нив. Ајде да го победиме стравот од инсекти заедно со Ангела Тасеска Михајловска, таа ќе не научи како најлесно да колекционираме безрбетен материјал од природата, ќе научиме како се препарираат инсекти, кои се корисни, а кои штетни инсекти и како доаѓаме до точниот назив на некој вид.
Работилницата е наменета за ученици од средното образование
05.11 „Екосистемски услуги“
Сте слушнале ли некогаш за екосистемски услуги???
Заедно со Константин Здравески од здружението за екологија Екоменлог ќе научиме Што се тоа екосистемски услуги, како ги вреднуваме истите, како треба да ги употребуваме и што треба да знаеме за нив.
Работилница наменета за ученици од 6 то до 9- то одделение
06.11 „Учиме за кафеавата мечка“
Дарко Китаноски и Наум Илиески од Еко-Свест од Вевчани ќе ни објаснат нешто повеќе за кафеавата мечка, со што се храни, зошто е значајна, дали е заштитена во нашата земја, нејзина биологија и екологија и како се врши мониторинг.
Работилница наменета за ученици од 5 то до 9 то одделение
07.11 „Пештери и лилјаци во НП Галичица“
Татјана Пуцоска Бунчевска е наставник – географ и ќе не однесе во еден поинаков свет, каде постојано е темно и понекогаш мислиме дека таму нема некој интересен животински свет. Ќе ни објасни како се формираат пештерите, што живее внатре во нив, зошто се значајни и дали ние знаеме да ги чуваме пештерите.
Работилница наменета за ученици од 3 то до 6 то одделение
08.11 „Паметно и безбедно однесување во планина“
Димитри Димитров е долгогодишен искусен планинар и има премногу интересни случки во природа. Со голема возбуда чекаме да ни раскажи за планината, како треба да се однесуваме, што треба да направиме доколку се случи незгода, што треба да понесеме кога одиме во природа и на што треба да внимаваме.
StrugaOnline
