ВИДЕО: 90 секунди со стружанката Валентина Тодороска – единствената жена во земјата, која е подводен архелог

- Локални
4902
Клучот за нејзиниот успех е љубовта и пасијата за нејзината професија. За нејзе, Охридското езеро е нејзиниот дом. Тоа е нејзината авантура и предизвик.
Вклучена е во меѓународно истражување кое ги истражува праисториските населби, за кои има знаци дека потекнуваат од железното време.
За жал, често наидува на ѓубре и смет, како што се автомобилски гуми, градежен шут, мебел, лименки…
Нејзината порака е дека мораме да ја менуваме свеста затоа што животната средина е загрозена. Немаме друга планета, немаме друго Охридско езеро. А, проектите финансирани од ЕУ се клучни за подигање на свеста кај заедницата. Таков е меѓународниот EXPLO Project, кој ги истражува минатите човечки животни стилови, користењето на земјиштето и еколошка интеракција преку археологија, биологија и динамичко математичко моделирање, како и проектот Green Youth-Green Future.

StrugaOnline

Facebook Коментари