Вечерва Македонија ќе игра против домаќинот Унгарија
Женската репрезентација на Македонија во 2. коло на Европското првенство 2024, ремизираше против Турција 25:25.

Сара Ристовска со 8 гола беше најдобра во нашата репрезентација. Јована Кипријановска и Ивана Џатевска имаа по 4 погодоци. На голот во вториот дел одлична беше Јована Мицевска со неколку одбрани помеѓу кои и два седмерци.
Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со домаќинот Унгарија, кој игра во одлична форма. Мечот се игра вечерва од 18:00 часот во „Феникс Арена“.
StrugaOnline

