Лев банер Десен банер

Лазаров го избра тимот за Светското првенство во ракомет 2025

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави скратениот список на ракометари кои ќе останат во комбинација за настап на Мундијалот во 2025 година.

Лазаров повика 20 ракометари за подготовките што ќе стартуваат на 22 декември.

 

На списокот ги нема Филип Талески и Мартин Томовски, кој е резерва, повредениот Никола Костески, кој исто така е во резервите.

Меѓу резервите се уште и Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Филип Николов, Самоил Ристевски, Марио Танкоски и Михаил Аларов.

Македонија ќе игра на 8 јануари против Хрватска, додека на СП 2025 во групата ќе има натпревари против Холандија, Унгарија и Гвинеја.

StrugaOnline

error: